Приказна која инспирира, мотивира и информира
Запознајте го основачот
Jас сум Ефимија, но многумина ме знаат како Ефи. Мојата приказна започна како потрага за решение за мојата кожа – постојани акни, дамки и иритации кои не можеа да се смират со никакви третмани. Бев исцрпена, но и решена да најдам вистинско решение.
Летото 2017 година беше пресвртна точка за мене. За време на одмор во Грција, влегов во една малечка продавница, преполна со рачно изработени сапуни. Мирисот и боите ме маѓепсаа. Таму се роди идејата дека природната козметика може да биде клучот за здрава кожа – не само за мене, туку и за сите кои поминуваат низ слични предизвици.
Патот беше долг – од истражување и експериментирање до формулирање сопствени производи. Откако започнав да правам сапуни и креми во мојата кујна за свои потреби, сфатив дека освен себе си, можам да им помогнам и на другите. Резултатите беа видливи и многу други луѓе почнаа да бараат моја помош. Тоа ме инспирираше да го создадам ESoapery.
Секој производ што го изработувам е настанат од искуство, посветеност и љубов кон природната убавина. Моја цел е не само да понудам природни решенија за вашата кожа, туку и да ве инспирирам да се грижите за себе и за планетата. Сите мои производи се направени со најдобрите состојки, вегански се и еколошки. Секогаш кога ќе ги користите, ќе почувствувате колку е моќна природата.
Во ESoapery, замислуваме иднина каде негата на кожата е луксузна и одржлива. Веруваме дека убавината и одговорноста за животната средина треба да одат рака под рака. Нашата цел е да бидеме пионери во создавањето свет каде што еколошката нега на кожата не е само тренд, туку стандард.
Доколку имате прашања или сакате да дознаете повеќе за нашите производи, ве охрабрувам да ми се обратите – секогаш сум тука за вас. Заедно можеме да направиме значајна промена, и за вашата кожа и за светот што нè опкружува.
Ваша Ефимија,
Технолог за козметичко производство
Дојдете во нашата продавница, да ја почувствувате магијата! Тука оживува нашата страст за изработка на еколошки, природни производи. Со топла и пријатна атмосфера, нашите рачно изработени сапуни и козметички производи се изложени на внимателно дизајнирани полици.
Ќе ве пречека мирис на свежи билки и ботанички екстракти, кои ја претвораат вашата посета во вистинско сетилно доживување. Луксузниот, но едноставен декор, изработен од природни материјали, совршено се надополнува со нашата филозофија за одржливост.
Нашето лого е повеќе од само дизајн – тоа е одраз на нашите вредности. Секој елемент ја претставува нашата посветеност на чистота, одржливост и трансформација. Од природните форми до боите инспирирани од земјата, откријте како нашето лого ја симболизира суштината на ESoapery.
Вашите прашања, одговорени
Имате прашања за нашите производи, испораката или како да нарачате? Составивме листа на најчесто поставувани прашања за да ви помогнеме да ги најдете одговорите што ви се потребни. Ако не го гледате вашето прашање овде, слободно пишете ни и со задоволство ќе ви помогнеме.
Продавницата се наоѓа во Гевгелија до близина на новата автобуска на ул. “Нако Вардарски” бр. 3
Да, имаме тестери од сите производи.
Да, вршиме достава на производи низ цела Македонија и Грција.
Да, сите производи се изработени да бидат нежни и погодни за чувствителна кожа. За да бидете сигурни дека нема да предизвика никаква реакција препорачуваме да го тестирате производот на раката - делот под лактот и да почекате 15мин.
Да, нудиме персонализирани консултации за да ви помогнеме да ги изберете најдобрите производи за вашите специфични потреби за кожа и коса. Можете да нé контактирате на нашите социјални профили, tелфонски број или да ја посетите нашата продавница во Гевгелија.
Да, ние сме посветени на одржливост. Нашите производи се спакувани во еколошко рециклирачка амбалажа и немаме штетно влијание врз животната средина во текот на производниот процес.
Дел од состојките (како мацерати и хидролати) ги произведуваме сами, а другите состојки ги набавуваме од сертифицирани фирми или физички лица што нудат сертификат за таа состојка и кои ја разбираат нашата посветеност на квалитетот и одржливоста. Ние даваме приоритет на органските и природните состојки, осигурувајќи се дека нашите производи не се добри само за вас, туку и за животната средина.
Постоиме од 2019та година и сме целосно посветени на транспарентноста, квалитетот и задоволството на клиентите. Ги користиме само најдобрите природни состојки, строго ги тестираме производите и обезбедуваме јасни информации за тоа од што се изработува секој производ. Нашиот персонализиран пристап гарантира дека ги добивате најдобрите производи за вашите уникатни потреби.
Се стремиме да го следиме брзиот развој на индустријата со континуирано истражување на нови состојки, техники и трендови. Редовно посетуваме интернационални конференции, семинари, дополнителни обуки и се вклучуваме во најновите научни наоди во процесот на изработка на производите.
Рецензии за ESoapery производите
Прочитајте ги искуствата на нашите задоволни клиенти и дознајте како производите на ESoapery им помагаат за нега на кожата. Вашето задоволство е наш приоритет, а вашиот глас е нашиот знак како да се подобриме.
Производите се прекрасни. Ми помогнаа во целост со мојата кожа, особено кожата на лицето. Вреди да се пробаат во секој случај.
Презадоволна од секој производ кој сум го пробала!!! Би сакала да споделам едно преубаво искуство од путерот за тело кој е мојот омилен производ и најверен пријател во текот на цела бременост! Благодарение на него користејќи го од првиот ден на бременоста па се до денес кога моето малечко полни 10 месеци немам ниту една стиа или брчка на стомакот,половината и задникот....Секогаш и секаде со мене! Топла препорака до сите идни мајки кои ќе бидат многу благодарни! ❤️❤️❤️
Презадоволна од сите производи кои ги имам користено. Рутината за лице ми е пена за миење на лицето / сапун од чајно дрво, хијалуронски серум па крем ниацинамид наутро и навечер. Одлична хидратација и сјајно лице како резултат. Исто така ги обожавам мусовите за туширање, особено мирисот Magic и Happiness и лосионот од свежо алое, како и лабелото со вкус на минт. Препорачувам на сите што сакаат да ги почувствуваат придобивките од природната козметика.
Најдобрата и најефективната козметика. Кога нанесувате некој од производите на ESopary тоа е како најмекиот памук да ја допира вашата кожа. Конечно најдов производи што можам со сигурност да ги применам. Освен тоа, ги користам сапуните, гелот за туширање и шампонот за чувствителната кожа на мојот син. Дури и изработија „мелем“ на син ми да го нанесе за да може да ги лекува бактериите настанати поради инфекција. Не можам да кажам повеќе од тоа да се заблагодарам! Ви благодариме Е Соапери <3
Совршена комуникација, препораки и совети за нега на тело и кожа. Пријатен амбиент и посебно внимание и амбалажа за сите производи кои ги купив како поклон. Се гледаме со следното мое доаѓање во Гевгелија.