Бесплатна достава за нарачки над 3.000 денари.

локација: Ул.Нако Вардарски бр. 3 Гевгелија

е: esoapery21@gmail.com

м: 079 345 558

Esoapery - Facebook Esoapery - Instagram Esoapery - LinkedIn

Ознаки:

Категорија: Тело

Балсам за потемнување

950.00ден


Опис на производот:

Балсам за потемнување и совршен тен преку лето

Балсамот за потемнување е вашата совршена формула за брзо и природно постигнување темен, златен тен под сончевите зраци. Со нежна, кремаста текстура и свеж мирис што потсетува на лето, овој балсам е направен со висококвалитетни природни состојки, кои ја нагласуваат и ја штитат кожата. Природниот пигмент од морков и бета каротен се клучни за потемнување на кожата, додека аргановото масло и екстрактот од невен ја одржуваат кожата хидрирана, мека и заштитена од сушење и лупење.

Овој балсам е безбеден и за најмладите, бидејќи не содржи конзерванси.

Употреба:

Најпрво, нанесете крем со заштитен фактор според вашиот тип на кожа на целото тело. Потоа, нанесете малку од балсамот за потемнување и нежно масирајте додека не се впие во кожата.

Сончaјте се на шарена сенка каде што сонцето делумно ве гали, но не ве пече директно. Повремено свртувајте се за рамномерно потемнување и избегнувајте предолго и директно изложување, особено ако кожата ви е осетлива или лесно црвенеете.

Балсамот може да се користи и по сончање, но за хидратација и смирување на кожата по сонце, посебно го препорачуваме нашиот лосион за тело со алое вера, вистински освежувач за кожата после жешкиот ден.

  • Забрзува потемнување на кожата со природни пигменти од морков и бета каротен.
  • Богат со арганово масло и витамин Е кои длабински ја хранат и омекнуваат кожата.
  • Помага во зачувување на влажноста, спречува појава на сувост и иритации, правејќи ја кожата мека и сјајна.
  • 🤰🤱 Безбедно за трудници и мајки доилки.

големина: 200 гр

Изберете ја количината:



Слични производи

Производи за целосна нега и рутина

Колку сакате да нарачате?

Често купувани заедно

Цена: 0.00 ден.